HORTICENTAR - GREENHOUSE TRAINING CENTER

Суштината на стратегијата на Балкан Грин Хаус е трансфер на знаење за работа во стакленици и одгледување на растенијата кон македонските фармери, студенти и останати заинтересирани страни. Паралелно со главните активности обезбедуваме тренинг и советодави услуги во поширока смисла на зборот поврзани со:

  • Изградба на стакленици, вклучително сета потребна опрема
  • Одгледување на растенија во заштитени услови

За оваа цел нашата компанија конструираше и комплетно опреми мал стакленик кој што претставува уникатен тренинг и едукативен центар, ХОРТИЦЕНТАР. Овој објект ќе служи како промоција и презентација за македонските одгледувачи, студенти од земјоделските училишта и Универзитети и сите останати заинтересирани страни од Балканот, Европа и светот.
Балкан Грин Хаус има потпишано Меморандуми за соработка со:

  • Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, Универзитет Свети Кирил и Методиј
  • Земјоделски факултет Штип, Универзитет Гоце Делчев
  • CAH Dronten – Универзитет за применети науки - Холандија
  • ФОН Универзитет - Скопје
  • Универзитет Нови Сад - Земјоделски факултет - Нови Сад Србија
  • Универзитет Белград - Земјоделски факултет - Белград, Србија
  • Универзитет во Бијељина - Земјоделски факултет - Република Српска, Босна и Херцеговина
  • Универзитет Јосип Јурја Штросмајер - Земјоделски факултет - Осиек, Хрватска

Активностите кои што ќе бидат во соработката се:

  • Организирање на практична работа за студентите со презентација на начинот на кој што работи еден модерен стакленик
  • Организација на тренинг програми за заинтересираните страни (земјоделски одгледувачи, компании од секторот, администрација итн.)
  • Размена на знаења и искуства
  • Соработка во публикации во професионални медиуми и учество во работилници и останати настани