ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА БАЛКАН ГРИН ХАУС
Балкан Грин Хаус е компанија специјализирана за изградба на софистицирани стакленици и инсталирање на софистицирана опрема за комплетна контрола на производството. Почнувајќи од припрема на градежната површина, изградба и инсталација на опремата и комплетната технологија, вклучувајќи размена на know-how и консултантски услуги.
За нас
Главните активности на компанијата се :
- Изградба на стакленици со инсталација на опрема за истите
- Производство на метални профили за изградба на стакленици
- Нудење на услуги и совети на производителите во врска со употребата и оптимизацијата на стакленичката технологија
- Совети кон земјоделците за методите на производство на разно сорти земјоделски растенија и сите прашања поврзани за успешно функционирање на стаклениците
- Нуди тренинг на персонал и менаџмент преку тренинг програми во Македонија, во нашиот едукативен тренинг центар Хортицентар (www.horticentar.mk)
- Нуди тренинг на персонал и менаџмент преку тренинг програми кај нашите партнери во Холандија
- Нуди различни типови на ѓубрива (кристални, гранулирани и течни)
- Репроматеријали за производство во стакленици, пластеници и за производство на отворено
Благодарение на поволните климатски услови, богати природни ресурси и долгогодишното искуство во производството, земјоделството традиционално е важна гранка во македонската економија. Имајќи ги во предност овие услови, Балкан Грин Хаус гледа можност и потенцијал за развој на стакленичкото производство.
- Главна цел на компанијата е да го подигне хортикултурното производство на Балканот на едно повисоко ниво