ИЗГРАДБА НА СТАКЛЕНИЦИ

БАЛКАН ГРИН ХАУС гради стакленици во Македонија и пошироко на Балканот. Ние нудиме солуции според Вашите потреби, бидејќи нашиот пристап е секогаш ориентиран према клиентот. Вообичаено обврска на клиентот е да донесе електрична енергија и вода до стакленикот, гас, телефон, интернет, а сето останато е одговорност на БАЛКАН ГРИН ХАУС.

МАТЕРИЈАЛИ

Доколку имате потреба од квалитетни материјали БАЛКАН ГРИН ХАУС ќе ги задоволи Вашите потреби.

БАЛКАН ГРИН ХАУС нуди конструкција на стакленици со најнова, модерна технологија од Холандија. Покрај изградбата на стакленици, БАЛКАН ГРИН ХАУС вклучува достава на на комплетна опрема и материјали за греење на стакленикот.
Ова вклучува: комплетен систем за греење - котлара, вештачко осветлување за растенијата, водни пумпи и единици за автоматско наводнување, машини за сортирање, генератори, компјутер, сите типови на каблови, високо и ниско напонски канали и кабловски мрежи, проект клуч на рака.
БАЛКАН ГРИН ХАУС може да обезбеди комплетен систем за греење и да изгради на посебна котлара.

ГРЕЕЊЕ

Ние дизајнираме греење според Вашите потреби за DT (надворешна температура -20, и внатрешна температура +20). Имаме искуство во геотермалното затоплување, греење на гас, нафта итн.
Проветрителите ја подобруваат циркулацијата на воздухот, ја намалуваат високата влажност, ја зголемуваат абсорпцијата на CO2 а се со цел да се обезбеди здрав раст на растенијата. Проветрителите се важни за задржување на температурата внатре во стакленикот.

  • долно греење
  • греење на растенијата
  • горно греење
  • греење за заштита од снег
  • греење за работни површини
  • греење на водата за наводнување во резервоарите за вода

ЗАСЕНЧУВАЊЕ

Иако важноста на светлината никогаш не треба да се потцени, за одредени култури мракот е од основно значење исто така. Системот на засенчување во стакленикот е одговорен за контрола на сончевото зрачење. Системот за засенчување може да помогне да се заштеди енергија во стакленикот. Завесите може да бидат инсталирани на лизгачки систем кој го контролира отворањето и затворањето, базирано на времените околности и потребите на растенијата.
Балкан Грин Хаус обезбедува термални завеси (за покривот и за ѕидовите), како и завеси за засенчување за да се намали сончевото зрачење, што може да биде опасно за некои растенија. Системите се вградуваат многу внимателно, тие се тестирани и потоа се пуштаат во употреба, секогаш прилагодени за Вашите потреби и секогаш во потполност веродостојни.

ТЕХНОЛОГИЈА ЗА НАВОДНУВАЊЕ

Наводнувањето и прихранувањето се многу важни за квалитетот на растенијата. БАЛКАН ГРИН ХАУС гради и ја инсталира сета потребна опрема:

  • водни пумпи, електрични вентили, капалки, линии за наводнување
  • резервоари за складирање на вода, резервоари за мешање
  • распрскувачи
  • системи за замаглување
  • млазници за замаглување
  • солуции за ѓубрење
  • еп & флод системи
  • системи за дизинфекција на UV, и системи за повторна употреба на дренажна вода

Овие системи се стандардни во индустријата, кои со соодветно одржување гарантираат соодветен работен век.

КОМПЈУТЕР И ЕЛЕКТРИЧНА ОПРЕМА

БАЛКАН ГРИН ХАУС ги разбира спецификациите што Вашиот компјутерски систем и електрични инсталацци треба да ги поседуваат. Можеме да се погрижиме за целиот овој процес. Користиме интелигентен, динамичен систем за контрола на клима. Ние нудиме:

  • централен контролен компјутер
  • автоматска контрола на клима и вентилација
  • системи за вештачко осветлување
  • снабдување со електрична енергија (низок и висок напон)
  • системи за автоматско отворање на врати
  • алармни системи